Запишав житие грешнаго Исаила, раба Божия. Сум Исаил Чучурковски, мияк, копаничар (резбар) смирени от село Мусомче, Дебарска держава. Се явив во сонот на Иво, ме замолил чоекот да му разкажам моите теглила.
Сум роден малце пред големото мурабе, кога московитите се сурнале от Дунава река, па сардисале турците чак до Мермерното море и до Боспорския боаз. Сум артисал без татко десетгодишен. Имах малце служено чираче – копаничарство при чичковците ми, ама само им ги приготвях доските и имам малко резано, повеке фтичета и цвекье, а ликовете свети ги режеа майсторете. Моите чичковци се много строги и набожни, зошчо се училе код самойот Майстор Петре, кой за време на арнаутскиот разбой е одил калугер во Светата гора Атонска. Истиот, кажат сведочи, од орев е резал чудни тавани во Хамди бейовите дебарски конаци. Од татко ми братучед имам исто во Елбасан, шо е теладур (резбар), йе пратил полани резбени синия со столкита даровни, за прослава на занаетот си. Ни паднаа капите, затоа си го залюбив копаничарството. Сум пробал и бояджилък, а и со фрчка (четка) да сликам, иако повеке ми се бендисуеше длетото и чеканот (дървения чук). Братията ми имаха по-големо изкуство от мене, бидейки и дваицата са по-стари, та затоа чичковците ми них взеха со тайфата за печалба во тугина. Мене ме оставиха код майка ми да си я чувам от злочин, а она решила да ме проводи при вуйчовците ми во голема града Солуна. Во исто време много наши майсторе мияци си градеа нови цркви во четирите краища на дюнята, оти Султанот дал ираде (ферман) за хришчански цркви. Изин (разрешение) дал и за нашево село, се изградила црквата со иждивление от сите родове за три години, удари камбань, се игра оро. Дюлгерството е судбина мочна – работа тежка, а и груба, си немаш калъп, мене ми дай нешчо по-уфатно – терзилък, папукчийство. Сум слушнал од татко ми, кога со дюлгерите ке си сбореше и синджирлия ракия ке голтая, како се дюлгерите жално жалиле за некоя млада невеста, од нив во темелите задзидана. Арно, ама вуйче Арсо и вуйчо Мойсо си беа млекари и держаха дюкяни на прочуеното Молох искелеси и ке ме научеха на своя занает. Со татко ми смо мие имали правено йогурт, го бев прифатил тертипот, го бевме турили во големите каци, покриено со мас и песок. Потоа беше много тежка зимата, иако имавме много набрани дорва, ама татко ми, иначе здрав ко мечка, се простудил и за три дена си умре. Од Свети Йован манастирот немаше како да дойдит попот, го заровивме неопеян.
Три дена откак мама изпрати братята ми далеко извън село до Мокрите камене, си тръгнав со една от тайфите за Солун. Майка ми ме и мене проводи, со ибрик ми вода полела, со десна нога сум прагот прекрачил. Си ми маваше отдалеко, а солзи веке не останали й. Ке си се мачеше сама, со двете ми мали сестрички, да ни чекат до Митровден. Такава я запамтих – кахърна. Си яздев сам на конь, во средата на керванот. Си носев торбичката со комати леп, лук и пастърма. Ни вардеа сеймени арнаути, но не ни овардиха, току са го фатиле арамиите наше дете Соле и са си го отвлекли есир (пленник). Се стори борзо потеря, но нищо не направиха, а и не смееха да оставят нас самички насред понтьон (пътя). Соле е внук на кяя (кехая), скоро ке понудаат откуп за него, кяята ке си имаше гайлето. Лани вакви арамии бастисаа кука во соседно село, се ограбиле и лугето избили „до ухо”. Си го продолживме ние патот уплашени.
Си дойдох на касабата со нашата си носия, миячка – бела долама со црвен пояс и капа, а вуйчовците ми одмах ме облекоха инако – по гръчко и ми турия капа (фес) со свилен пискюль до раменете. Три месеца работев при вуйко ми Арсо, спавах во магазата. Ми рече вуйчо ми доволен една недела, подир черкова:
– Си роден со к’смет, ке бидеш во чуена кука. Ай да идем!
Кога си влеговме во куката на сей овдовела кадъна, шчо ке й служев, ме наобиколиха саде жени, ме вортеха, ме оглеждаха, се насмеваха. Сум бил много каматен, велаа, шчо значит убав. И пак ми я промениа носията – со турска.
Солун е касаба голема, со вампори во Белото море и со много скели, со иляди балъкчии, хамали, со широки сокаци, полни со шарен народ от сите колена на дедо Ноя.
Сум немал одено во школата наша на село, иако овде сум освоил много брзо да сборуем и по еврейски, и по турски, и по гръчки. И со мияци се улучвах по чаршията, и со селяни от околните села, шо сбореа близко, и со едни момчиня, слезнати от Родопа планина. На Вампорот, шчо плавает за Божи гроб, имам видено првина шопи белодрешковци, дойдени северно од Балкан планина. Тие ке станеа хаджии и ке се вратеа со божигробски икони. Го прашав дечково:
– От коя си держава ти?
– От Ивраджа, – ми велит, – шо значит по наше врАтца, смо мие врАтата за рамното влашко поле, загорско
– Имаш ти некой занает, шчо умееш?
– Ми смо куюмджиски еснафлар. Ке ми нарачаш, ке ти направам венчален прстен со йелмазен камик. Се смее
Вуйчовците ми си беа млекари. Братията ми калфи копаничари. Кога са дошле исто во Солун, не знам, яс ги сретнав на третата година, режеа темпло (иконостас) наблизо во горелата црква во горното маало. Тие плачат, яс плачам, мал ме памтеа, со наболи мустаци ме гледат. И пак не достигаше време да се видимо. Се ожени стариот наесен, си добие подоцна мажко чендо. Си имала радост майка ми, милата. Яс не се вратив и со нив, ме не пушчает никако господарката, ке си ги забоварев сестриците, милите, особено по-малата. Сум изпратил спастрени пет лири за майчицата ми по Терзи Глигур, а писмо като не знаев да пишам, проводих само „здраво живо” да ме знает и никако солзи да не ронит.
Си одевме со моята кадъна на прошетка, яс позади нейзи, ма знам, дека сега сияе, бидейки е горда со мене. Й купуех месо от касапската чаршия, я придружував на хамам, на госке при други убави еврейки. Си имаше моята кадъна голем мерак, кутрата, да ме осинови.
Она си беше веке доста возрастна, може би дори към четиресе. Иначе кожата й беше млечнобела. Нейзините комшийки и приятелки отдамна си чуваа внучета.
Она си имала некоя мисла наум, ако може, хем да ме осиновит, хем да ме оженит за убавото кадънче Гюлфие, шо ни слободно доагаше на госке, и тогава ке се зарадуеше и на свое внуче.
– Айде, бе, Исайе, – ми велит, – потурчи се ко мене, ке си рахат, ке господаруваш, ке ти лазат во нозе
Не сакам яс во нозе да ми лазат, току ми сорцето жадует да си направам нешчо любаво со моите прсти.
А самата Гюлфие си беше предивна – со ясни модри очи и бело гърло со пендари. Ка я видев, готов бев да се турчим и да си се земемо. Ми вриеше кровта, ми рекоа сум станал маж и да варкам со женитбата. Иако маката ми беше, дека неам занает. На шчо ке си ги научев един ден моите момчиня?
Се помина йощ 1 година. Си живеев ко паша. Си немах нишчо работено. Сето време купувах от пазаря за господарката, си шетав со нейзи на теферич и на гости. Сум видел много кадъни без шамии. Тие беха еврейки-муслиманки. Сами си правеа джумбуши, си сбореа и тайно по шпански. Братията ми збореха со мене „по наше”, а помегу нив си збореха на некаков язик, шо го никако не знаех, го користеа дюлгериве, иако и нашиве терзии го знаеле той или друг пословички (таен) язик. Си намигаа и се насмеваа. А истовременно комити биле, сакале да го бастисат вампорот, шо му го носит на султанот данокот. Ме беше страв да ми ги не затвораат во кулето, зошчо тамо кой влезе, тежко жив ке излезеше.
Некои наши ми викаха „Дьонме” и ме отбегваа. Си играв со едно момче, по-мало от мене, Мустафа, исто дьонме, дойдено от нашиве простори, си сборевме по нашки, а от него прифатив малце и по турски. Ми кажаа подир млого години бил голем паша во Цариград.
Еднаж, кога ги носев ведрата с млеко во горното маало, беше голема кал и яс нагазив и не можев повеке да излезнам. Се огледав, немаше никой. Се уплашив да не изпуснем млекото, ке загубевме мющерии и чест! Ми премина пред очите сичко жалостно, ми стана буца во гръло, ке загубев свет йошче малко.
Сум заплакал жално, па думав:
– Да ти е волята Господи, зошчо си ме оставил сам саминичок во сея кал?
Ми се яви тогаш отеднаж една сияйна стара майка на ясното небо. Ми велит:
– Ме гледай слободно, не се бой, чуеш мори, си го носиш Божото име. Ке работиш секогаш за Негова слава.
– Те познав – велам – си ти Богородичка
– Сум й тетка, на нейзината майка сестра, ме викаат Елисавето. Ти ветувам ке бидеш голем мегу Неговите луге, иако мегу человеците мал и непознат. Сила ти давам да излегуйеш из овде.
Ми рече и се разтопи. Се стегна отеднаж калта, го прегазив целото сокаче, си излегов чист ко момина солза. И чак сега се сетив, во друго село стварно од майка ми сестра си имам – Елисавета.
Се беа сгустили облаците над главата ми, мораше да бирам. Моята кадъна ми ветуваше без гайле живот, само да й прифатев понудата да бидам нейзин син. Вуйковците ми сакаха да ме сложат во магазата или на дюгенот, други чираци ке носеа млекото по куките на мющериите. Яс си го сакав момичето, русо, тельовно – Гюлфие. Ко ке се огледав во очите му, ке тонев во нивната глубина. Ама ако се земевме, како ке бидет со кунките ми нишчо да не работам.
Во тоа време вуйко ми разбрал от некои луге, от Родопа, се бараат копаничари за во некоя црква тамо, па тоа по никое време, кога немаше невработени мажове, мораше да се сбере тайфа. Така вуйко Мойсо ги замолил да ме приимат со нив и да заминам. Си беше горделив, па ми рече:
– Доста си на тугинци слугувал. Отсега ке служиш на нашава вера. Се кладам (обзалагам), не ке ни посрамиш. Си го почитувай майсторот ко татко, он ке те сичко научи
Кадъната кажала пръвин „Йок”, ама толко ме сакаше, та не й душа даваше да ме задржи зорлем и ме пушчила, а на моено либе нишчо не издала.
Бех много кабахатлия (виновен) пред кадъната, а за Гюлфие од срцето ми кров капеше
Момчето, шо ни го тераше керванот, си пееше некоя еврейска чалгия:
„Ти ме попитай и яс ке ти кажам, ке се вратам ли йошче назад”
Се заслушав и си реков, дека нема да се вратам пойке край Белото море, каде шо си поминав седум сладки години. Долго гледав назад, сияеше една бела црта от него, си мислев, е кошулята на светата Елисавета праведна. Само еднаж бех бакнувал (целунал) Гюлфие по косичката и то ке ми остане да памтам од любовта, шо ме изгоре.
Така голем маж станах копаничар-чирак, иако се гледаше, дека бев много цвръст и брзо ке го освоим майсторлъкот. И во Болгарията се представихме добро пред църковното настоятелство, ни нарачаа за напролет йошче темпла. Тогаш немав видено майка ми вкупно цели седум години. Еве, на село се вратив прв пат со тайфата на Митровден, си беше радост велика, природата си беше сета роскош разтурила. А е те на Божик и майка ми Достана се представила на Господа нашего Иисуса Христа.
Колко мака имав во мене, сичката я чегъртав со длетото, да родам чисти образи, за слава Божия. Постев и се молев усърдно, зошчо целото изкуство не е од тебе, току от небеси по милостта Му.
Сме изработиле дваесе темпа за много черкови. Сум бил во градот Вратца вече много стар, близо 25 години имав. Се залюбив от еднъж и побегна едно момиче со мене за горната, влашка земя. Татко й направил потеря, обадил и на джандари. Я префръливме Дунава река и се запилевме за 30 години во Влашко …
Идовме во Беч (Виена), а тамо – столарска фабрика, го режат дорвото со машини. Ке станеш, ми вика некой си, овдека чирак. Се насмеав, оти одамна веке си бев протомайстор. Разправам на момчинята от тайфата и заедно си се смеевме. Ме повикаа при нивната Господарка, некоя си чорбаджи Сиси, а инако Елисавета. Ми велит лепотата:
– Си прочуен, Исаиле, ги режеш прекрасни темплата. Со лавови и змейове, со грозге и ситен маргарит. Ай да ми, велит, изработите вити дървени столбове, шо ми го држат креветот?
Айде сега, да те видам Исаиле, само кревети не си работил, си думам на умот.
Иво спавал глубоко, иако му копнеела душа да знаит како се сея земля вортит и сучит.
Сум стар, на възраст сум 55 години, кога се явив во сонот на Иво. Си неам дечиня, па ке го замолам чоекот, заедно да й се помолиме на Светата Елисавета за детинче, зер се и она со рожба во старост сдобила. Ке го кръстиме Захария, на мажот й
Ме прашал Иво:
– Како ке се то деси, яс сум во друга фуния
Арен ми е приятелот, му реков: Си знае Исус работата, от фуния во фуния изливает
И иако е Иво веке буден, вие да знаете, вака и ке ми се деси, ке си дочекам мажко чендо.
Како шчо велаат турките: Занаат алтън билезиктир, шчо значит: Занаетот е златна гривна, блазе му кой си я носит.
Умрел коньот – му остала подкова, умрел юнакот – му остало името славно. Кога ке умре копаничар – ке му остане душата во дабови листье разлистена на иконите, на иконостасот, на дрвеното венчило отгоре, на царските тронове. Си сум положил душата за верата наша и за лугето читаво.
За чендото мое ке си напраиме понуда во куката от татко ми, во селоно Мусомче, Дебарска держава, сите да ми дойдете!
край